Еве зошто Викторија Бекам ретко се смее

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.03.2017 - 13:46

Викторија Бекам позната е како некој кој многу ретко се смее и на фотографиите позира со испакнати усни и намрштена.


Поради тоа делува многу ладно, но дизајнерката со едно парче облека откри зашто е тоа така.

Во вторникот папараците ја 'уловија' Викторија на аеродромот во Лос Анџелес во бела маица на која пишува "Модата ја украде мојата насмевка."

Оваа интересна маичка е од нејзината најнова колекција и се продава за 120 долари на нејзиниот сајт.