Еве зошто не треба да џвакате мастики!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.02.2017 - 16:05

Да почнеме прво со позитивните страни - според Американската Асоцијација на Стоматолози, џвакањето мастики стимулира лачење на плунка која ги измива остатоците од храна и со ова штити од кариес.

Исто така, докажано е дека џвакањето мастики го намалува апетитот, ослободува од стрес и ја зголемува продуктивноста. Но, новите истражувања велат дека сепак не е здраво да се џвакаат мастики, бидејќи содржат состојка која воопшто не добра за организмот.

Откриено е дека мастиките содржат наночестички од титаниум оксид, агенс кој се додава за да се подобри текстурата на храната, а најчесто се додава во бонбони, чоколади, паста за заби и мајонез.

Хроничното изложување на организмот на наночестички од титаниум оксид може да предизвика проблеми со дигестивниот систем, посебно во цревата каде што ја отежнува апсорбцијата на железо, цинк и масни киселини.

Внимавајте - додека титаниум оксидот секогаш е наведен во состојките на некој продукт, неговите наночестички никаде не ги пишува. Ова не важи само за мастиките, туку и за многу други видови на процесирана храна!