Еве што ќе јадат ѕвездите на Оскарите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 13:25

За точно десет дена од сега ќе имаме можност да ги видиме најголемите ѕвезди како чекорат по црвениот тепих на наградите на филмската Академија, кои ќе се одржат по 89-ти пат.

Но, покрај тоа што неколку од нив ќе се радуваат на златните статуетки, повеќето од нив сигурно ќе се радуваат на балот по повод Оскарите, кој ќе се одржи после церемонијата, каде шефот Волфганг Пак ќе сервира едни од највкусните специјалитети за 1.500-те гости кои се најславните ѕвезди на планетава.

Темата на овогодинешниот бал после Оскарите е "магична трансформација", а тоа е токму она што ќе го добие холивудската елита на менито.

"Уникатните дизајни на вселената се преточени за да го слават Оскаровското злато", вели Џефри Карланд, еден од организаторите.