Еве колку пари заработил Роналдо минатата година!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.12.2016 - 21:00

Соочен со обвиненијата дека притаил данок, еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, мораше во јавноста да го објави податокот колку пари заработил минатата година.

Имено, Кристијано е обвинет дека преку Република Ирска изнел пари на оф-шор дестинации во вредност од 150 милиони евра, наводно криејќи ги од шпанските даночни обврзници.

Во официјалното соопштение за новинарите, најдобриот фудблер на Реал Мадрид, ги демантираше обвиненијата и ги објави конкретните цифри кои ги заработил. Според наведеното, Роналдо минатата година остварил приходи од 227,3 милиони евра.

Неговиот менаџер, Жорж Мендеш, изјави дека овој документ сведочи за тоа дека Роналдо не го избегнал данокот, како и дека Португалецот надвор од Шпанија заработил 203,7 милиони евра, додека во Шпанија остварил приход од 23,5 милиони.

"Роналдо веќе нема да дава изјави на таа тема. Докажавме дека тој и неговите застапници соработуваат со властите и дека сѐ е во законските рамки", изјавија од агенцијата која се грижи за неговите финансии.