Еве како ќе изгледа новиот Samsung Galaxy S8!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.03.2017 - 16:29

Познатиот типстер од Твитер, Еван Блес објави официјален рендер од новиот Samsung Galaxy S8, на месец дена пред неговата официјална премиера.

На рендерот се гледа редизајнираниот Galaxy S8, каде е тргнато "home" копчето. Екранот е закривен од двете страни и телефонот практично и да нема рабови.

Samsung реши претставувањето на биде одржано на посебен настан, на 29-ти март, што беше изненадување со оглед на тоа дека оваа компанија досега имаше навика да ги претставува новите модели на "Mobile World Congress" во Барселона.

Само за потсетување, Galaxy S8 ќе има две верзии, од кои едната ќе има 5,8-инчен екран и батерија со капацитет од 3.000 mAh, додека Galaxy S8 Plus ќе има поголем 6,2-инчен екран и батерија со капацитет од 3.500 mAh.