Еминем, Бијонсе и The Weeknd се ѕвездите на филмскиот фестивал Coachella 2018

Еминем, Бијонсе и The Weeknd се ѕвездите на филмскиот фестивал Coachella 2018

Главните овогодинешни ѕвезди на најголемиот музички фестивал – Coachella, се Еминем, Бијонсе и The Weeknd, потврдија организаторите.

Бијонсе оваа година ќе ја почести фестивалската публика со својот настап благодарение на минатогодишното откажување на појавувањето поради бременоста. На нејзино место се појави Лејди Гага, а Бијонсе вети дека ќе се врати на фестивалот оваа година.

Организаторите на Coachella вчера официјално потврдија дека на сцената ќе ѝ се придружат Еминем и The Weeknd, со што публиката може да очекува одлична забава.

Покрај трите главни изведувачи, публиката во Калифорнија оваа година ќе се забавува и со музиката на Kygo, Jamiroquai, St. Vincent, Дејвид Брн, Пост Малоне, Portugal The Man и многу други.

The Weeknd за прв пат настапуваше на Coachella во 2012 година, додека Еминем за прв пат ќе се појави на големата сцена.

Фестивалот оваа година ќе се одржува од 13 до 22 април. Coachella се одржува од 1999 година, а секоја година го посетуваат повеќе од 250 илјади луѓе.