Емина и Милица ја ископираа Парис Хилтон

Пејачките Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ инспирација за одредени кадри од новиот спот пронајдоа во туѓ спот.

Пред некој ден го објавија летниот дует Лимунада, а оваа песна има и интересен видео запис. Но некои од кадрите, како оние на кои Милица се ниша на лулашка од бајките, во потполност се украдени од спотот на Парис Хилтон за песната Come Alive, кој е објавен пред три години.

Емина во септември го објавува целиот албум, а се надеваме дека нејзиниот креативен тим навистина ќе е креативен и оригинален.