Емили Ратајковски новата кампања на Марк Џејкобс

Емили Ратајковски новата кампања на Марк Џејкобс

Емили Ратајковски го промовира новиот вид на турбан и е новата ѕвезда на модните кампањи на светските брендови “Марк Џејкобс” и “Стивен Џоунс” за кои модните критичари велат дека е најуникатниот турбан досега.

Емили позираше пред објективот на фотографот Аластер Маклелан, а со оглед на тоа дека зад турбанот се потпишуваат модните имиња како Марк Џејкобс, турбанот изгледа софистицирано, оригинално и уникатно.

Фотографијата се појавува во новиот број на магазинот “Love”, а на Инстаграм повторно предизвика воодушевување од страна на нејзините следбеници. “Марк Џејкобс”, “Стивен Џоунс” во соработката со прекрасната манекенка ја вратија моќта на ретро стилот, каде секогаш акцент се става на елеганцијата и женственоста.

@EmRata wearing our Marc Jacobs x @StephenJonesMillinery turban photographed by @alasdairmclellan styled by @KeGrand for @TheLoveMagazine 🖤 #MJSS18

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs) on

Неколку сезони претходно турбаните дефинитвно се на листата на трендови, а оваа сезона се искачуваат на врвот на листата во категоријата модни детали. Доколку одлучите да си обезбедите ваков модел на турбан, не морате да купувате скапи дизајнерски креации, но овој модел нека Ви биде Ваша инспирација.

Покрај турбанот, Емили го промовира и францускиот моден стил, кој е еден од водечките модни трендови во светот. “Облекувајте се како французинка”, советуваат модните критичари.