Ема Вотсон со поразлична улога во новиот филм

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.04.2017 - 18:39

После големите успеси кои ги постигна во досегашните филски улоги, па и последниот филм на Дизни 'Убавицата и ѕверот', Ема Вотсон глуми во нов филм кој е потенцијален хит.

Во филмот 'The Circle' Ема ќе ја гледаме во улогата на млада работничка во технолошка фирма.

Во 'The Circle' под режија на Џејмс Понсолт, освен Вотсон глуми и холивудската ѕвезда Том Хенкс. Овој филм во светските кина ќе почне со емитување следната недела, а премиерата ќе биде на филмскиот фестивал Трибекa во среда на 26ти април.

Ема во последните години оствари голем напредок во филмската индустрија, а според проценките на критичарите може да ја симне од врвот и најплатената глумица во светот - Џенифер Лоренс.

Ема Вотсон и во 2009г. се најде на врвот на најдобро платените холивудски глумици со заработувачка од 30 милиони долари.