Ема Вотсон е најубавото лице

[04.02.2012 - 12:53 часот]

Можеби мажите воздивнуваат на Софија Вергара, но гледаат во ѕвездата на филмот Хари Потер, Ема Вотсон, која има најубаво лице во светот. На глумицата оваа ласкава титула и ја доделија независните критичати веќе шеста година по ред, и тоа истата недела кога кога беше прогласена и најпосакуваната жена во светот.  

Оваа година, "Хермиона" со својата убавина ги претекна Камила Бел, Ријана, Марион Котијар и Мила Кунис која се најде на крајот од оваа листа.

"Ема Вотсон се наоѓа на првото место истата година кога нејзината ера на Хермиона завршува", пишува во соопштението на независните критичари.

"Не постои сомнеж дека ќе се врати на големото платно и ќе стане еден од најзабележаните филмски таленти во годините кои следат.

Причината поради која се наоѓа на првото место не е само нејзината убавина, туку и интелигенцијата, елегантноста, храброста и тоа што претставува пример за младите жени ширум светот.

Ова сигурно нема да биде последен пат што ја гледаме на оваа наша листа".

Свое место на листата најдоа и Кејт Бекинсејл, Ема Стоун, Моника Белучи и Кејт Мидлтон...

[назад]
Радио МОФ