Ема Робертс виновна за раскинувањето на познатиот холивудски пар

Ема Робертс виновна за раскинувањето на познатиот холивудски пар

Хајден Кристенсен и Рејчел Билсон ја раскинаа десетгодишната врска пред месец дена, а сега во јавноста се појавија информации дека за се е виновна Ема Робертс.

Рејчел најверојатно во мобилниот телефон на Хајден пронајде пораки кој тој ги разменувал со Ема. Пораките изгледале како нешто да се случува помеѓу нив, кои од неодамна заедно работеа на филмот Little Italy.

Хајден и Рејчел се запознаа пред десет години на снимањето на филмот Jumper. Се вериа после една година врска, но подоцна раскинаа. Иако за брзо време се смирија тие никогаш не се венчаа. Имаат двегодишна ќерка.

Од друга страна Ема е веќе неколку години во бурна врска со актерот Еван Петерс. И тие беа верени, раскинуваа и се смируваа, а последните информации тврдат дека тие се повторно заедно.