Елтон Џон на доделување на Греми наградите, но и..

Елтон Џон на доделување на Греми наградите, но и..

Ирската рок-група U2 и пејачите Елтон Џон и Кендик Ламар ќе настапат за време на 60-тата додела на американските музички награди Греми, на 28 јануари во Њујорк.

Американската академија за уметност и наука за дискографија (НАРАС), која ја доделува наградата Греми, денеска изјави дека U2 и Џон ќе пеат хитови заедно со Мајли Сајрус во Салата на Медисон Сквер Гарден.

Сем Смит и Ламар ќе бидат номинирани во седум категории. Претходно беше објавено дека ќе настапат Бруно Марс, Лејди Гага, Дади Јенки и Луис Фонси.

Два дена по доделувањето на наградите, Академијата ќе организира вечер посветена на Елтон Џон, „Elton John: I’m Still Standing – A Grammy Salute“, во кој ќе настапуваат Смит и Мајли Сајрус.