Ели Сааб и Зухаир Мурад се надминаа себеси на модната недела за Висока мода во Париз

Ели Сааб и Зухаир Мурад се надминаа себеси на модната недела за Висока мода во Париз

Ели Сааб создаде колекција која ќе ве остави без здив, а е посветена на сите што се чувствуваат како кралици.

Темносината, кралска боја преовладува, а речиси сите креации се украсени со златни везови и монистра, со што неодоливо потсетуваат на кралските одори.Трендот на широки здолништа што можат да се тргнат по потреба продолжува, а Сааб таа практика им ја овозможува повторно на своите клиенти.

Токму затоа и неговите креации се со впечатливи украси – монистра, пердуви, впечатливи изрази на грбот и слично.

Речиси сите фустани се долги, најчесто изработени од свила, дел од нив се и со интересни принтови. Низ целата колекција се провлекува светкавиот сјај, кој е застапен не само во ткаенините, туку и кај цветните апликации. Но, она што сака дизајнерот да го потенцира е тоа што и покрај тоа што е забележително богатото украсување, креациите се лесни.