Електричниот автомобил Nio EP9 најбрз во Нирбург

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.11.2016 - 16:24

Кинеската компанија NextEV конечно го откри својот електричен хиперавтомобил, кој ја носи ознаката Nio EP9.

Ова купе располага со четири електрични мотори, чија вкупна сила изнесува 1.341 КС, а секој мотор има посебен менувач. Електричниот автомобил од 0 до 100 km/h забрзува за 2,7 секунди, а максималната брзина му изнесува 313 km/h. Со едно полнење, автомобилот може да помине оддалеченост од 427 километри.

Nio EP9 ја извозе славната патека во Нирбург за 7:05.12, што значи дека е најбрз електричен автомобил кој се појавил на неа. Тоа значи дека е побрз од Lexus LFA Nurburgring Edition (7:14), Dodge Viper ACR (7:12.13) и Nissan GT-R Nismo (7:08.69).

Прикажаното време покажува дека развојот на електричните автомобили е во забрзан подем, а само за споредба, првиот рекорд го постави тркачката Toyota PV E002 со време од 7:22:329 пред четири години.

EP9 е низок, агресивен и елегантен во исто време, а се одликува со футуристички изглед на надворешноста. Внатрешноста е практична и современа, а возачот има одличен преглед на патот.

Компанијата NextEV сѐ уште ја нема објавено цената за овој автомобил, како ни почетокот на продажбата, а се шпекулира дека цената ќе изнесува најмалку еден милион долари.