Електрична Vespa во 2018-та

Електрична Vespa во 2018-та

Стариот италијанскиот производител на мотоцикли и на класичната Vespa,Piaggio Group, го претставија иницијалниот дизајн и детали за комплетно електричната варијанта на овој добро познат модел, која ќе биде наречена Vespa Elettrica (италијански за „електрична Vespa“).

Електричната Vespa го има задржано иконскиот изглед, а ќе има погон кој ќе овозможува континуирана енергија од 2 kW, со максимална моќност од 4 kW која ќе нуди перформанси подобри од трационалниот скутер од 50cc.

Новатa Vespa ќе има домет од 100km со едно полнење на батеријата, на која ќе и требаат 4 часа целосно да се наполни.

Како и секој Vespa скутер и електричната е наменета за возење во урбани средини. Од Piaggio велат дека таа е скоро безшумна и дека ќе доаѓа со најмодерна Vespa Multimedia платформа – систем кој му овозможува на возачот да го конектира смартфонот со скутерот.

Vespa-та ќе има комплетно дигитална инструмент табла на тенок TFT дисплеј од течни кристали, а нејзината глобална дистрибуција треба да започне во 2018-та.