Експлодира уште еден Galaxy S7 (видео)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.03.2017 - 19:30

27 годишна студентка пријавила експлозија на својот Samsung уред. За време на инцидентот, девојката се наоѓала во својот автомобил. Уредот не бил приклучен на полнач, само бил поврзан со Bluetooth, за да може да слуша музика.


За среќа, сопственичката успеала да застане на паркинг и да почека телефонот да престани да чади. Иако не се знае причината за инцидинтот, откако девојката го однела во продавницата од каде го купила, требала да плати 200 долари за отштетата.

Компанијата е свесна за настанот и се чека официјална изјава од Samsung за причините.