Егзотична црвенокоса Порториканка која ќе ве освои!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.12.2016 - 21:01

Преубавата Ана Делија де Итурондо е атлетичарка и фотомодел која активно се занимава со бодибилдинг.

Порториканката редовно учествува на професионалните натпреварувања на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес, а повремено се занимава со актерство.

Во периодот од 2011 до 2013 година таа го забележа најголемиот успех во кариерата освојувајќи четири златни медали во разни категории и натпревари, како и осум други награди.

На Инстаграм има повеќе од 500 илјади следбеници, а покрај фотографиите од своето совршено тело, таа редовно објавува и совети за здрава исхрана.