Ефес Анадолу потпиша договор со Тони Даглас

Ефес Анадолу потпиша договор со Тони Даглас

Ефес Анадолу потпиша договор со искусниот Тони Даглас, играч со големо НБА искуство.

31-годишниот Даглас настапуваше за Мемфис Гризли, но малата минутажа е причината кариерата да ја продолжи во Европа.

Беше дел и од екипите на Њујорк, Сакраменто, Голден Стејт, Мајами и Њу Орлеанс Хорнетс.

Во НБА, Даглас имаше просек од скоро осум поени по натпревар.