Една маскара – две техники на нанесување

Една маскара – две техники на нанесување

Доколку со квалитетна маскара не успевате да направите долги и нагласени трепки, јасно е дека нешто не правите како што треба.

Покрај самата маскара, техниката на аплицирање е најбитната ставка, а со тоа би се согласила и шминкерката Али Арт. Таа на својот канал на You Tube реши да открие две техники на нанесување на маскарата, кои даваат сосема поинакви резултати.

Првата е таа која ја користат сите жени, т.е. ја нанесуваат маскарата од коренот до врвот, додека другата се состои од нанесување на маскарата прво на самите врвови на трепките, а потоа се премачкува целата трепка.

Со истата маскара се постигнува навистина неверојатен резултат – трепките се подолги и понагласени.