Една евтина намирница ги решава сите проблеми со вашата коса!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.02.2017 - 22:30

Веројатно не сте знаеле дека оваа едноставна и евтина намирница која можете да ја пронајдете во секој супермаркет, може да ги реши речиси сите проблеми кои ги имате со вашата коса.

Се работи за чудотворната морска сол, која можеби не е добра во огромни количини во вашата чинија, но секако е добра за решавање на проблемите како што се претерано масната коса или првутот.

Имено, претераното мастење на косата е резултат на зголемената активност на жлездите на скалпот, а овој проблем лесно можете да го решите со додавање на 2-3 лажички морска сол во шампонот. Тие што се обиделе велат дека резултатите се видливи по првото миење.

Што се однесува до првутот, доволно е десет минути да го масирате скалпот со 2-3 лажички морска сол, а потоа да ја измиете косата. Освен тоа, морската сол докажано помага во стимулацијата на растењето на косата. Вреди да се обидете! :)