Едита Арадиновиќ жареше и палеше на белградскиот сплав

Едита Арадиновиќ жареше и палеше на белградскиот сплав

Групата Министерки одржа настап на белградскиот сплав Порт во средата вечер.

Но, сите очи беа вперени во Едита, која пленеше со својот изглед.

Едита се појави на сплавот во краток, проѕирен, црн фустан, а публиката беше воодушевена од нејзиното пеење а уште повеќе од нејзиниот изглед.

Откако се појавија на музичката сцена предизвикаа големо внимание во јавноста, а за нивниот настап се бараат се повеќе карти.

Убавиците на чело со Едита ги подигнаа на нозе сите присутни уште со почетокот на првата песна.

Пеејќи ги своите песни а и песните на своите колеги, ја подигнаа атмосферата и направија журка за памтење.