Единсон Кавани изјави дека не е во лоши односи со Нејмар

Единсон Кавани изјави дека не е во лоши односи со Нејмар

Единсон Кавани уште еднаш изјави за француските медиуми дека не е во лоши односи со Нејмар.

Напаѓачите на ПСЖ се ’рчнаа на почетокот на сезонава околу еден пенал, но успеаја во мошне брз период да ги средат односите. Меѓутоа, медиумите во Франција пренесуваат дека ситуацијата меѓу Кавани и Нејмар не е идеална и дека тоа вешто се крие.

По ова, повторно се огласи уругвајскиот напаѓач кој призна дека имал некакви несогласувања со Нејмар, но дека нивниот однос сега е многу добар.

Имаме одличен однос. Двајцата сме професионалци и наша цел е што е можно подобар успех на клубот. Сите беа среќни кога Нејмар дојде бидејќи знаеме дека тој е одличен фудбалер. Неговото доаѓање е голема работа за ПСЖ. Проблемот е што луѓето упорно пренесуваат погрешни информации и се обидуваат да внесат некаков немир. Се е супер што се однесува до нас двајца – порача Кавани.