Еден Азар одбил да потпише нов договор со „сините“

Еден Азар одбил да потпише нов договор со „сините“

Еден Азар, наводно одбил да потпише нов договор со сините што за управата на овој клуб, бил сигнал дека Белгиецот сака во Реал Мадрид.

Како што пишуваат медиумите на островот, Азар одбил нов, подобар договор со кој тој ќе заработува и по скоро 18 милиони евра по сезона, но тоа тој го одбил со цел да замине што побргу од Лондон.

Азар со Челси има договор до 2020 година, па сигурно дека ќе биде интересно да се види расплетот на оваа трансфер ситуација.

Со таа плата Азар би бил најплатениот играч во Премиерлигата, но тој тоа глатко го одбил, па се шпекулира дека следното лето, без оглед дали Зидан ќе биде предводник на кралевите, Реал ќе дојде со добра понуда која Челси ќе сака да ја прифати, кога веќе Азар одбива нов договор.

Но фановите на Челси, но и останатите клубови, се прашуваат зошто играчите буквално трескаат со глава и хистеризираат кога ќе дојде некоја понуда од Шпанија, односно дека само Реал или Барселона се клубовите во кои тие може да играат на високо ниво или да заработат куп пари.