Ед Ширан прозборе на хрватски и им се заблагодари на фановите од Хрватска

Ед Ширан од неодамна доби признание од Хрватска, што толку се израдува па прозборе неколку зборови на хрватски.

Пејачот е прогласен за пејач кој има најпродаван странски албум во Хрватска, па доби плоча. Поради таа причина тој сними видео за фановите како би им се заблагодарил и покаже дека научил неколку хрватски зборови.

Добар ден, (х)вала – започна тој на хрватски и продолжи на англсики – Најпродаван странски албум… Тоа е неверојатно. Со нетрпение чекам да дојдам во Хрватска, никогаш не сум бил таму. Се радувам на доаѓањето, а еве научив и некој зборови. Фала ви што уживате во мојата музика. Ова ми е прва награда од Хрватска.