Ед Ширан дел од "Игра на тронови"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.03.2017 - 15:00

Пејачот Ед Ширан ќе гостува во седмата сезона на серијата „Игра на тронови“, потврдиле креаторите на мега популарната серија.

Креаторите на серијата Дејвид Бениоф и Ден Вајс оваа вест ја најавија во текот на панел дискусија во рамките на овогодинешниот фестивал на киното, музиката и технологијата „ South by Southwest “ во Остин, Тексас и ги открија новите лица на серијата за време на официјалниот настан, предводен од актерките Мејси Вилијамс и Софи Тарнер

„Со години се обидуваме да го привлечеме Ед Ширан во серијата, за да ја изненадиме Мејси, и конечно успеавме“, рече Дејвид Бениоф.