Е ова е трпелив уметник!

[17.02.2012 - 13:03 часот]

На прв поглед оваа слика делува како фотокопија од лице на човек кој се "залепил" на фотокопирот, но ако погледнете повнимателно ќе сфатите дека всушност таа е направена од феноменални 3,2 милиони минијатурни точки.

Мигел Ендара од Мајами, Флорида, поминал речиси цела година во создавањето на портретот на неговиот татко, безгрешно позиционирајќи ја рачно секоја минијатурна точка.

"Јас сум голем обожавател на сенчањето и затоа решив да го создадам овој портрет на татко ми користејќи ја техниката за лично да ја искусам неверојатната уметност", изјавил господинот Ендара.

Во период од 11 месеци, господинот Ендара поминал 210 часови беспрекорно комплетирајќи ја сликата со помош на специјално направеното пенкало "Sakura Pigma Micron" кое доаѓа во големина од неверојатни 0,2 милиметри.

"Го снимив речиси секој потег при цртањето и завршував речиси 4,25 точки во секунда, што значи дека за време од 210 часови сум исцртал отприлика 3,213,000 точки", изјавил господинот Ендара.

[назад]
Радио МОФ