Е ова е тетоважа! (фото)

[04.02.2012 - 13:12 часот]

Анфае Као (27) од Таичунг, Тајван, дефинитивно е еден од најголемите обожаватели на познатата бајка за Снежана и седумте џуџиња, а таа ја докажа својата опседнатост со приказната за деца тетовирајќи го речиси целото тело со сцени од цртанот и сите можни ликови во него.

Интригантната тетоважа со цртаните ликови е инспирирана од еден сон кој Анфае го сонувала поврзан со бајката, кој ја потсетил оваа девојка на нејзиното детство и прекрасните моменти поминати во тој период.

Анфае веднаш го посетила професионалниот тату мајстор Пинг кој беспрекорно ја нацртал и потоа обоил тетоважата на која може да се забележи Снежана со нејзината плава коса и скарлетно црвени усни, шармантниот принц и злобната вештерка, како и препознатливите седум џуџиња од кои сите се насмеани, освен Лутко се разбира.

Тетоважата претставува вистинско ремек дело за кое тату мајсторот посветил дури три месеци напорен труд, но неговата упорност се исплатела, па така, импресивната уметничка слика и освои на Анфае награда на интернационалната тату конвенција во Сингапур.

"На Пинг му беа потребни цели три месеци за да го заврши неговото ремек дело со сите детали кои се беспрекорно нацртани.

Навистина ме болеше и на моменти бев во толкава болка што сакав да се забрза процедурата, но за среќа не се откажав додека тетоважата не беше завршена", изјавила Анфае.

[назад]
Радио МОФ