Е ова е педантно мече![28.01.2012 - 11:43 часот]
|
Фотографот Сергеј Горшков го ризикувал својот живот за да се приближи до оваа мечка и да ја направи незаборавната фотографија на која се гледа релаксираното животно додека излегува од пенливата вода.
За среќа на Горшков, мечката која се капела во пенливата вода предизвикана од блискиот водопад, била премногу релаксирана и задоволна за да се обиде да го повреди, а тоа задоволство јасно може да се забележи и на фотографијата.

Имено, Сергеј Горшков од Москва, Русија, престојувал седум години меѓу мечките во близина на Камчатка и дури и поминал цел месец живеејќи во шатор за да се приближи до групата на животни.
"Ова е мојата омилена фотографија.

Многу луѓе кои ја гледаат фотографијата за прв пат мислат дека мечката е закопана во снегот до врат.
Фотографијата ја крстив "Tide" според прашокот за миење алишта бидејќи изгледа како мечката да се капе во огромна када со пена", изјавил фотографот.
| [назад] |















