Ѕвездите без грам шминка за новиот Пирели календар!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.11.2016 - 10:59

Веќе втора година по ред, Пирели го избегнува стандардниот клише секси календар и одлучува овој проект да го насочи кон поинакви фотографии.

За пофалба е што Пирели одлучи да престане да ги претставува жените како  сексуални објекти и наместо тоа да ја покаже нивната вистинска и хумана страна, па така фотографот Питер Линдберг одлучи да продолжи таму каде што минатата година застана фотографката Ени Либовиц.

За славниот Пирели календар за 2017 година, Линдберг ги собра на едно место неговите 14 омилени холивудски убавици: Никол Кидман, Ума Турман, Руни Мара, Лупита Нионго, Леа Сејду, Кејт Винслет, Робин Рајт, Џулиен Мур, Алиша Викандер, Шарлот Ремплинг, Женг Зији, Пенелопи Круз, Џесика Честејн и Хелен Мирен. Интересен 15-ти член на ова друштво е Анастасија Игнатова, руската професорка по политички теории која Линдберг минатата година ја запознал на вечера.

Линдберг, кој е познат како голем противник на ретуширањето и фотошопот,  на официјалната прес-конференција изјави: "Убавината стана само комерцијален интерес. Фотошопот го избриша карактерот на жената, а јас сакам да го постигнам токму спротивното. Жените кои ќе ги сликам се најуспешните актерки на светот и полни се со емоции. Сакам светот да го види тоа."

Актерката Ума Турман, која е една од ѕвездите кои ќе се појават во календарот, изјави: "Имам две ќерки и еден син, и мислам дека е важно мажите да ја видат жената како мајка која старее и е своја. Ми се допаѓа тоа што Линдберг сака да ги оттргне жените од идејата за вечна младост и совршенство."

Огромно браво за Пирели! Погледнете ги останатите фотографии: