Џулија Робертс е вистински пример за убавина според People

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.04.2017 - 13:30

Џулија Робертс е вистински пример за убавина. Глумицата која во октомври ќе наполни 50години прогласена е за најубава жена во светот по изборот на списанието People.

Ова е петти пат Џулија да ја добие оваа титула, а она за ова изјави: "Навистина сум почестена. Но ќе ми стане и срам. За сега сум уште поласкана.".

Робертс за прв пат беше именувана за оваа титула во 1991година кога имаше само 23години. Списанието People и во 2000, 2005 и 2010 ја прогласи за најубава жена во светот. 

Покрај Џулија Робертс во конкуренција за најубава жена се најдоја и Viola Davis, Taraji P. Henson, Chrissy Metz, Mandy Moore, Oprah Winfrey, Emma Watson и Carrie Underwood.