Џорџ Мајкл почина на 53 годишна возраст

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.12.2016 - 01:33

Вечерва околу 23 часот, публицистот на Џорџ Мајкл ја даде кобната изјава дека "пејачот починал мирно во својот дом" на 53 годишна возраст.

"Со голема тага ја потврдуваме веста дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина во својот дом за време на Божиќните празници", се вели во изјавата за јавноста.

Тој остави голема трага врз музичката сцена, каде беше присутен цели четири декади, оставајќи зад себе над 80 милиони продадени албуми.

Џорџ Мајкл ја започна својата кариера како дел од дуото "Wham!", но подоцна доживеа интернационална слава со неговиот деби сингл - "Careless Whisper".

Во 1987 година, неговиот албум "Faith" се продаде во над 20 милиони примероци ширум светот.

Ова е уште една голема загуба за музиката и културата воопшто која ја доживеавме во 2016 година, откако уште неколку други големи музички ѕвезди заминаа во легендите...