Џорџ Клуни и неговата сопруга на вечера прв пат по раѓањето на близнаците!

Џорџ Клуни и неговата сопруга на вечера прв пат по раѓањето на близнаците!

Новопечените родители, Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал по месец дена посветеност само на децата Ела и Александар, решија да земат мала оддишка и да излезат на вечера заедно со своите пријатели.

Среќната двојка беше забележана во ресторанот Il Gatto Nero, кој воедно е и еден од омилените ресторани на Џорџ.

Секогаш елегантната Амал и овој пат блескаше покрај својот сопруг и не го пушти од рака ниту во автомобилот.

Двојката се пресели во Комо, Италија откако Џорџ инсистираше на тоа бидејќи смета дека немаат доволно безбедност на имотот во Британија.

Пред само недела дена, папараците го фотографираа парот додека со приватен авион пристигнува во Италија. Тоа воедно беше и првиот пат како Џорџ и Амал беа забележани во јавност заедно со близнаците.