Џорџ и Амал Клуни го открија полот на близнаците!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 19:26

По долго очекување од страна на јавноста, Џорџ и Амал Клуни конечно го открија полот на близнаците!

Мајката на Џорџ Клуни, Нина Клуни (77), во интервјуто за "Radar Online" открила дека нејзиниот син и неговата сопруга ќе имаат син и ќерка!

Нина додала и дека сеуште не се знае како ќе се викаат близначињата, но и дека нема да се меша и ќе остави на Џорџ и Амал да одлучат. Се очекува Амал да се породи во Јуни, така што ќе почекаме уште некој месец да дознаеме. :)