Џони Деп ја "зезна" бившата Амбер Херд!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.12.2016 - 10:29

Конечниот развод помеѓу актерите Џони Деп и Амбер Херд изгледа дека нема да се случи во догледно време, посебно сега откако Деп стави нова барикада на процесот.

Имено, Џони Деп од Амбер Херд бара таа да плати 100.000 долари во судски такси! Овој потег дојде откако таа побара од него тој да плати 35.000 долари за истото, но сега, ако Амбер не ги плати таксите во рок од десет дена, тие ќе ѝ бидат одбиени од надоместокот од 7 милиони долари што Деп се согласи да ѝ го плати после разводот.

Адвокатката на Деп, Лора Васер, го изјави следново пред судот и пред медиумите: "Злобниот прогон и лажните обвинувања за семејно насилство од страна на Амбер сериозно и непоправливо влијаеја врз приватниот и професионалниот живот на Џони Деп, на неговата репутација, како и на емоционалната добросостојба на неговото семејство."

Поради ова, Деп и неговата адвокатка направија уште еден потег кој сериозно ја "зезна" Херд - 7-те милиони долари што таа треба да ги добие од него (за кои Херд јавно вети дека ќе ги донира на добротворни организации), ќе бидат директно уплатени во добротворни организации наместо на сметката на актерката!

Следното судско рочиште за овој случај е закажано за 13-ти Јануари 2017 година, па останува да видиме како Амбер ќе се справи со ова. :)