Џ.Ло за српскиот Фиат[03.02.2012 - 11:44 часот]
|
На 6 март во Женева официјално ќе се одржи промоцијата на новиот автомобил на компанијата "Fiat" - "Fiat 500 L" кој ќе се произведува во Крагуевац во Србија, а неговата промотерка за американскиот пазар ќе биде пејачката и глумица Џенифер Лопез.
Популарната Џеј Ло минатата година го потпиша договорот со компанијата и со тоа стана нивното заштитно лице.
Имено, компанијата "Fiat" не крие дека очекува многу повеќе од американскиот пазар за што сведочи и купувањето на акции во компанијата "Chrysler".

Сериското производство на "Fiat 500 L" ќе започне наскоро, па така неговата продажба е предвидена за на есен, оваа година, а италијанскиот автомобилски гигант веќе го претстави новиот изглед на автомобилот на српската јавност.
Според компанијата, ќе постојат две верзии на новиот член на фамилијата "Fiat 500" - "Abarth" и "Cabrio", а претставниците на "Fiat" објаснуваат дека буквата "L" во неговото име се однесува на англискиот збор "large", односно "големо" бидејќи моделот 500 "пораснал соодветно со новите желби и потребите на клиентите".

Во компанијата "Fiat" тврдат дека новиот автомобил спаѓа во "MVP" категоријата (мали, компактни и повеќенаменски возила) и дека истиот создава чувство како шоферот да седи во мал џип.
На овој начин компанијата сака да го надмине класичното категоризирање на моделот во автоиндустријата, но и да понуди алтернатива за пазарот од "B" и "C" сегментите.
"Fiat 500 L" e едноволуменски автомобил со капацитет за пет патници, должина од 4,14 метри, ширина од 1,78 и висина од 1,66 метри.
Новото "фиќо" ќе се произведува со мотор во две верзии - бензинец од 1,4 литри и турбодизел верзија од 1,3 литри.
| [назад] |















