Џенифер Лопез прв пат проговори за Дрејк!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 17:04

Покрај тоа што Џенифер Лопез и Дрејк не се срамеа да ја покажат својата блискост на фотографиите на Инстаграм, како и во јавноста додека се шетаа, сепак ниту еден од нив досега не ја прокоментира врската официјално.

Гласините за нивната врска започнаа во декември, но само месец подоцна се зборуваше дека тие ја прекинале својата кратка романса.

Сега, за време на интервјуто на црвениот тепих на Греми наградите, водителот Рајан Секрест ја праша пејачката дали ќе навива вечерта за Дрејк.

"Секако. Јас го сакам Дрејк. Тој е извонреден. Талентиран. Прекрасен. Ние направивме песна заедно и хм...", изјави збунетата Џеј Ло, пред водителот да ја прекине со потпрашањето: "Се родија искри?".

Со малку нервозна смеа, таа одговори: "Да, дефинитивно. Супер си поминавме. А, тој е прекрасен. Имам многу љубов за него", со што ги потврди гласините дека дефинитивно имало нешто меѓу нив, но не се знае дали искрите поминале... Слушнете го целиот одговор и самите.