Џенифер Гарнер и Бен Афлек се откажаа од разводот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.03.2017 - 18:38

Џенифер Гарнер и Бен Афлек после се решија на својот брак да му пружат уште една шанса. Славната актерска двојка објави дека се разведува во 2015

година



Сè уште не се помириле, но решиле за сега разводот да го стават на пауза.

 „Џен се откажа од разводот. Сака да ги ‘испегла’ работите со Бен. Ќе се обидат уште еднаш“, рекол извор за магазинот „People“.

Истиот извор додаде дека двајцата сè уште многу се сакаат и ги сакаат своите деца.

Бен и Џенифер неодамна заедно го прославија петтиот роденден на синот Семјуел, заедно со ќерките Вајолет(11) и Серафин(8) во својата семејна куќа во Лос Анџелес.