Џенифер Анистон донираше 1 милион долари за штетите од ураганот Марија

Џенифер Анистон донираше 1 милион долари за штетите од ураганот Марија

По фаталниот ураган Марија кој остави пустош низ Порторико, голем број на познати личности решија да помогнат или да донираат средства за жителите на овој остров.

Последната од познатите личности која се приклучи на оваа акција е Џенифер Анистон.Таа е загрижена дека сеуште е потребно многу за да им се помогне на жртвите од овие неодамнешни урагани, посебно во Порторико. Исто така се надева дека ова ќе служи како инспирација за другите да донираат онолку колку што можат.

Ѕвездата од популарната серија „Пријатели“ донирала 500.000 долари на службите за помош при катастрофални несреќи на американскиот Црвен крст, а истата сума ја донирала и на фондацијата Рики Мартин.

Фондацијата Рики Мартин има за цел да им помогне на преживеаните од ураганот, но и да ги врати нормалните услови за живеење на островот Порторико. Американскиот Црвен крст започна со давање на помош преку мулти-островски хуманитарни напори заедно со владините претставници и партнерите при катастрофални несреќи со цел да им се помогне на оние кои биле најмногу погодени.

Покрај Џенифер Анистон, обиди да ја подигнат свеста за незамисливите последици кои Порторико ги претрпе прават и Џенифер Лопез, Марк Ентони, Рики Мартин и Лин-Мануел Миранда кои ја користат својата платформа како би се зголемиле придонесите за помош на настраданите.