Џеј Ло 4 месеци се гледа со Алекс Родригез?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.03.2017 - 02:10

По кратката наводна романса со Дрејк, во јавноста излегоа нови детали за љубовниот живот на Џеј Ло. Овојпат, за чудо, не се работи за едвај 30-годишно момче, туку за 41-годишниот Алекс Родригез, поранешна бејзбол ѕвезда.

Родригез бил забележан во бекстејџ на еден од настапите на Џеј Ло во Лос Анџелес. „Не живеат заедно или нешто сериозно, едноставно се гледаат веќе неколку месеци. Го има запознаено нејзиното семејство и Џеј Ло е пресреќна бидејќи и тој е татко. Сепак, за сега е само забава,“ вели изворот за странските таблоиди. Џеј Ло и Алекс се запознале во 2005-та година, кога за првпат биле фотографирани заедно.