Душко Вујошевиќ поради неисплатен долг кон него ја блокирал сметката на неговиот поранешен клуб

Душко Вујошевиќ поради неисплатен долг кон него ја блокирал сметката на неговиот поранешен клуб

Душко Вујошевиќ поради неисплатен долг на црно-белите кон него ја блокирал сметката на поранешниот клуб.

Се работи за долг од 113 илјади евра, и тој има пуштено налог за наплата од сметката на Партизан, кој претходно се тужеа на суд.

Но, веднаш со своја приказна се јави и Вујошевиќ, кој ја објасни целата ситуација околу наводното блокирање на сметката.

Значи, да разјасниме една работа, да долгот треба да се исплати, но дека сум ја блокирал сметката тоа е чиста дезинформација. Еве зошто. Никој не може да го блокира Партизан. Најпрвин ФИБА има законска обврска да стави забрана за носење нови кошаркари во клубот, тоа е една работа, а друга работа е што ФИБА може да изгласа елиминација на одреден период од европските натпреварувања. И во двата случаја нема ништо од тоа, значи Партизан доведе двајца нови играчи и не е елиминиран од европските натпреварувања. Најважно од се, е што јас никогаш не би му го направил тоа на Партизан. Сигурно е некоја банка која активирала налог – дециден е Вујошевиќ.