Дрејк и Џеј Ло ја поминаа Новата Година заедно!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.01.2017 - 12:06

По гласините дека Џенифер Лопез го откажа својот новогодишен настап во Мајами за да помине повеќе време со своето ново момче Дрејк, латино-дивата беше забележана во Лас Вегас, токму каде што Дрејк го одржа својот новогодишен концерт.

Лопез и Дрејк беа забележани и фотографирани во ноќниот клуб Хакасан каде што тој настапуваше. Џеј Ло пристигнала во клубот околу десет часот навечер, а потоа тие заедно отишле на вечерата која била организирана за околу 40 луѓе.

По вечерата, Дрејк го започнал својот настап, а Џеј Ло весело играла и се забавувала во негова близина, а по завршувањето на настапот избегале низ задниот влез на клубот држејќи се за раце.

Наредната вечер парот повторно беше забележан во казиното МГМ Гранд, каде "фрлиле по некоја рака" на масите за обложување.

Иако многумина велат дека нивната љубов всушност е маркетиншки трик, не изгледа башш така... :)