Дрејк и Бела Хадид повеќе не зборуваат

Дрејк и Бела Хадид повеќе не зборуваат

Дрејк и Бела Хадид повеќе не разговараат, открија нивните блиски пријатели за американските медиуми.

Во октомври се шушкаше дека Дрејк и Бела се во тајна врска.

Убавицата на почетокот на минатиот месец го прослави својот 21 роденден, а низ таблоидите се пренесе приказна дека забавата ја финансирал канадскиот рапер.

Но се чини дека љубовта не траеше долго. Дрејк ја оставил по пат на СМС и после тоа престанал да и се јавува. На сето тоа придонело тоа што Бела се состанала со своето поранешно момче The Weekend.

Во секој случај, Бела нема да биде таа која ќе ги добие скапоцените чанти – Дрејк од неодамна откри дека веќе со години собира Hermes чанти за својата идна сопруга.