Драстично опадна интересот за играта "Pokemon Go"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.12.2016 - 21:00

Играта "Pokemon Go" предизвика вистинско лудило помеѓу корисниците на мобилни телефони, но како што доаѓа крајот на годината изгледа така доаѓа и крајот на интересот за оваа заразна игра.

Имено, креаторите на "Pokemon Go" ја најавија првата голема надоградба во обид за оживување на интересот за играта.

Сепак, аналитичарите велат дека сѐ уште не треба да ја отпишеме оваа игра, бидејќи и понатаму има огромна база на играчи, како и дека сѐ уште е на врвот на листата на најбрзо растечки мобилни игри.

Новата надоградба доаѓа од американската компанија "Niantic", под лиценца од "Nintendo", а станува збор за воведување на нови ликови, како и специјален Божиќен шешир кој го носи Пикачу, а кој ќе биде достапен за "лов" до 29 декември.

Оваа компанија најави дека во претстојниот период ќе бидат најавени уште многу нови ликови, но не е соопштено ништо во врска со можноста за замена на ликовите кои претходно беа најавувани. Исто така, сѐ уште не е познато ништо во врска со групните борби кои ги бараат корисниците.

Инаку, во првите три месеци од излегувањето "Pokemon Go" заработи 600 милиони долари, но сепак бројот на преземања на апликацијата драстично опадна од 79 на 10 милиони во ноември.