Драматичниот трејлер за новата серија со Том Харди

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.12.2016 - 21:11

Серијата "Taboo" на BBC е мини драмска серија која е дело од соработката на Стивен Најт, Том Харди и неговиот татко Чипс Харди.

Оваа серија треба да ја доживее својата премиера за десетина дена, а BBC денес го објави трејлерот кој ќе ве натера да ја гледате драматичната серија.

Станува збор за приказна раскажана низ осум епизоди, каде авантуристот кој го глуми Том Харди, се враќа во Велика Британија откако поминал долго време во Африка, барајќи одмазда за смртта на својот татко.

Она што додава доза на мистерија е тоа што неговите пријатели и семејството мислат дека е мртов, како и тоа што тој се појавува со 14 украдени дијаманти.

Улогите покрај Харди ги толкуваат и Оона Чаплин, Дејвид Хајмен, Мајкл Кели, Џонатан Прајс, а еден од продуцентите е славниот Ридли Скот.

Премиерата е закажана за 7-ми јануари во Британија на "BBC" и 10-ти јануари на американскиот канал "FX".