Дом како од соништата[17.02.2012 - 23:21 часот]
|
Оваа застарена резиденција која се наоѓа во Лимпопо, Јужна Африка, беше трансформирана во полу-транспарентно модерно живеалиште на коешто сопственикот може да биде многу горд.
Имотот Абу Макадо (или Куќата Абубејкер) е дизајниран од страна на архитектонското студио "Nico van der Meulen Architects", а замислата на архитектите била да се реконструира старата резиденција, истовремено земајќи ја предвид екстремната жештина и потребата за природно осветлување.

Овој јужно-африкански дом ги пречекува своите гости со своите 1,132 квадратни метри површина и нуди релаксирачка атмосфера со стаклениот покрив и големите отворени простори каде што има многу водени детали, вклучувајќи го и прекрасниот базен.

"Користевме челик во различни облици кој го комбиниравме со стаклени делови за да овозможиме контакт со што е можно повеќе светлина.

Покривот е специјално направен за да ги пропушта интензивните сончеви зраци само во зима и е имплементирана добро изолирана структура која што брзо се лади навечер, со што се зголемува чувството на просторот, а истовремено се создава природно ладење со помош на водените елементи и базенот", изјавиле архитектите.
































| [назад] |















