Доделуваме месечна чланарина во "Orange Kids Club"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.09.2016 - 14:52

"Orange Kids Club“ е културно едукативен проект за талентирани дечиња на возраст од 5 до 12 години. Целта на овој клуб е развојот на детската култура и развивање на нивните таленти.

Проектот е предводен од одличен тим од вистински професионалци и ентузијасти со детски дух. На крајот од учебната година, дечињата ќе го имаат своето завршно шоу, презентирајќи го својот талент и се она што научиле во текот на годината.

По повод на стартот на новата учебна година, решија да доделат ваучер со месечна членарина во "Orange Kids Club".

Се што треба да направите е да под објавата на нашата Фејсбук страна (https://www.facebook.com/Zazabavacom/?fref=ts) да го напишете името, презимето на вашето дете и неговата возраст и да објавите негова фотографија, покажувајќи ја неговата креативност. Среќниот добитник ќе го објавиме во петок во 12:00 часот и ќе биде избран сосема случајно.

Ви посакуваме среќа на сите!