Додаток за мобилен за сите кои имаат врска на далечина

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 20:57

Паровите кои имаат врска на далечина би пробале сѐ за да ја задржат страста во врската, па можеби би го пробале и новиот помалку бизарен производ наречен "Kissenger".

Овој уред е наменет за iPhone телефоните, а овозможува испраќање на бакнежи на личноста која исто така го поседува.

Тој изгледа како базна станица со силиконски дел, кој кога ќе детектира притисок од усните го пренесува сигналот со помош на малите сензори.

Уредот е развиен во Англија и моментално е во фаза на прототип. Исто така, моментално е компатибилен само со iPhone телефоните, освен со најновиот кој нема влез за слушалки, кој е потребен за поврзување на "Kissenger".