Добитник на Златен глобус обвинет за сексуално злоставување

Добитник на Златен глобус обвинет за сексуално злоставување

Откако актерот Џејмс Франко го освои Златниот глобус за најдобар актер во филмот „Disaster Artist“, неколку жени го обвинија за сексуално злоставување.

Актерот ја поддржа еднаквоста на половите и борбата против сексуално злоставување носејќи беџ со натпис „Времето истече“, а според нивните тврдења, кон своите колешки се однесува потполно поинаку.

„Здраво, Џејмс Франко, имаше убав беџ на доделувањето на Златни глобуси. Се сеќаваш ли како пред две недели ми рече дека мојата потполна голотија, на која ме натера во два твои филма за сто долари од ден, не е експлоатација бидејќи потпишав договор? На тоа му истече времето!“, напиша актерката и комичарка Титер Каплан.

Тие двајца минатата година соработуваа на филмот „Actors Anonymus“, а оваа година заедно работат на филмот „The Long Home“.

Набргу се огласи и актерката Вајолет Пејли.

„Добар беџ, Франко. Се сеќаваш ли кога во автомобилот ја турна мојата глава кон својот гол пенис или кога ја викаше мојата пријателка во својот хотел, иако таа имаше само 17 години? Откако веќе еднаш те фатија со 17-годишно девојче“, напиша Вајлоет, додавајќи дека таа била полнолетна кога ја злоставувал.

Откако обожавателите на актерот ја обвинија дека тоа го измислила и дека за тоа сега зборува само затоа што тој го добил Златниот глобус, таа одговори и дека порано зборувала за тоа, но дека дури сега успеала да го привлече вниманието на јавноста.

„Го немам тој луксуз да можам да одбивам работа. Кога не си славен, туку само се обидуваш да изградиш кариера, не можеш да си дозволиш преговарања. Тој е славен актер кој со еден потег може да ја уништи мојата кариера, да рашири шпекулации дека сум незадоволна, или дека се однесувам диво. И никогаш повеќе нема да добијам прилика. Морам да работам, морам да јадам“, вели таа.

Џејмс Франко се уште не ги коментираше обвиненијата за злоставување.