Добар старт во првиот натпревар од подготовките за ракометарите

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.01.2017 - 15:33

Нашите ракометни репрезентативци синоќа го одиграа првиот контролен натпревар од вториот дел од подготовките, против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Избраниците на селекторот Лино Червар успеаја да го поминат првиот тест и да победат со 28:24 (16:11) на пријателскиот натпревар.

После првото издание на нашите најдобри ракометари можеме да кажеме дека одлично го започнаа натпреварот, иако кон крајот концентрацијата малку попушти, што најчесто е и наш најголем проблем на големите натпреварувања.

Во македонската репрезентација најдобар беше Манасков со 8 постигнати голови, а зад него следуваа Кирил Лазаров и Стoилов со по 5 гола, додека кај БиХ најефикасни беа Вегар и Овчина со по 4 гола. Мечот одлично го водеа најдобрите судии во светот за 2016 година, Николов и Начевски.

Денес и утре ќе се одиграат уште два затворени пријателски натпревари против БиХ, а се надеваме дека сите проблеми ќе бидат идентификувани и елиминирани пред стартот на Мундијалот во Франција.