Доаѓа вакцина против хероин

[09.02.2012 - 12:01 часот]

Вакцината против хероинска зависност ќе биде подготвена за користење кај луѓето за пет години, а на неа во моментов работат експерти од Мексико.

Мексиканскиот Секретар за здравје - Саломон Черторивски, кажал дека тамошната влада веќе ја патентирала терапијата бидејќи тестирањето на глувци поминало успешно.

"Следниот чекор е проба на луѓето. Тоа е процес кој ќе трае барем пет години. Не станува збор само за хероин. Тоа го патентиравме засега, но се приближуваме и до вакцина против зависност од кокаин и метамфетамини", изјавил Черторивски.

Според известувањето на дневниот весник "Reform", вакцината функционира на тој начин што го поттикнува имунолошкиот одговор да го блокира хероинот да влезе во нервниот систем, а се поврзува со рецепторите во мозокот. Со тоа се намалува дејството на дрогата.

Експериментите спроведени на глувци кои биле зависни од хероин покажале дека на крајот, желбата за дрога им се намалила.

"Се надеваме дека вакцинираната личност ќе има помала потреба за дрога бидејќи состојките на вакцината ќе го блокираат задоволството при консумирање.

Секако, зависникот ќе мора да има желба да се одвикне од хероин, а ќе му биде потребна и помош од психијатар", изјавила Марија Елена Медина Мора, директорката на Националниот институт за психијатрија во Мексико.

[назад]
Радио МОФ